Трета лигаФудбал

Ристов ќе го суди дербито меѓу Превалец и Големо Коњари, Гелов главен во Кривогаштани!

Сподели
АРХИВА
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Третата македонска фудбалска лига – Југ, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од второто коло.

Ангелчо Ристов ќе го суди дербито на колото меѓу Превалец и Големо Коњари, соочување на две екипи кои ќе претендираат за првото место и баражот. Дарко Макалоски ќе им суди на Слога и Питу Гули, Влатко Илиоски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Венец и Дреново.

Или Мишески ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Обршани и Влазними Јуниор, Ангел Гелов ќе им суди на Младост и Башкими 2008, а пак Борис Трајков ќе им суди на Бучин и Ултрас.

Мечот меѓу Росоман и Марена нема да се одигра, бидејќи екипата на Марена се откажа од натпреварување. Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 2. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Превалец – Големо Коњари, Ангелчо Ристов (Неготино)
Слога – Питу Гули, Дарко Макалоски (Прилеп)
Венец – Дреново, Влатко Илиоски (Прилеп)
Обршани – Влазними Јуниор, Иле Мишески (Прилеп)
Росоман – Марена (нема да се одигра)
Младост – Башкими 2008, Ангел Гелов (Кавадарци)
Бучин – Ултрас, Борис Трајков (Прилеп)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!