Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Кораби и Демир Хисар, Спироски на Караорман со Влазними

Сподели
Сподели

Утре со натпреварот меѓу Преспа и Светлост кој се игра во Ресен ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а првото коло ќе се комплетира в недела со останатите натпревари.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од првото воведно коло. Во Дебар главен судија ќе биде Александар Марковски кој ќе им суди на шампионот Кораби кој не го помина баражот и Демир Хисар, Ѓорѓи Лаброски ќе им суди на Преспа и Светлост, мечот кој се игра веќе утре, Никола Стрезоски ќе им суди на Сатеска и Света Троица 2021.

Главен судија во Струга ќе биде Анѓеле Спироски, кој ќе им суди на ланскиот второлигаш Караорман и Влазними, Дени Лековски ќе им суди на Евротип и Кравари, а пак Борче Цветковски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Велешта Унитед и Славеј од Мешеишта.

Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Кораби – Демир Хисар, Александар Мартиновски (Охрид)
Преспа – Светлост, Ѓорѓи Лаброски (Струга)
Сатеска – Света Троица 2021, Никола Стрезоски (Охрид)
Караорман – Влазними, Анѓеле Спироски (Струга)
Евротип – Кравари, Дени Лековски (Битола)
Велешта Унитед – Славеј, Борче Цветковски (Битола)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!