Втора женска фудбалска лигаФудбал

Николија Стојановска ќе го чува голот на второлигашот Билјанини Извори од Охрид

Сподели
Сподели

Второлигашот Билјанини Извори од Охрид за вториот дел од сезоната во Втората женска фудбалска лига се засили со Никола Стојановска, која ќе биде новиот чувар на голот. Се работи за 21-годишна фудбалерка која во Билјанини Извори пристигна од редовите на Шкендија од Тетово, а претходно беше дел од Каменица Саса од каде и ја започна својата кариера.

Стојанвоска треба да биде вистинско освежување за тимот на Билјанини Извори, но и да ја донесе сигурност и стабилност на голот на охридскиот тим, кој во пролетниот дел заедно со Вардар ќе води борба за освојување на второто место кое води кон баражот за можен пласман во Прва лига.

Претходно, Билјанини Извори ја промовираше Драгана Гегова, Марија Бојкова, Викторија Стојановска и Ева Андонова.

Пролетната полусезона Билјанини Извори ја отвара со гостување кај лидерот Кочани на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!