ИнтернационалциФудбал

Младинскиот репрезентаитвец на Македонија, Рајан Бербери се сели во Чешка!

Сподели
Сподели

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Рајан Бербери, кариерата ја продолжува во нов клуб, се работи за тимот на Чешке Будејовице од Чешка.

20-годишниот офанзиев играч за врска стави потпос на договор до 2026 година, а пристигна од редовите на Стандард Лиеж.

Овој трансфер беше реализиран преку поранешниот репрезентативец на Македонија, Јани Урдинов, како и неговиот брат Александар Урдинов, кој е поранешен играч на Дојранско Езеро.

Новото засилување на Чешке Будејовице е роден во Луксембург, но има и македонски пасош, бидејќи потекнува од Македонија, тој е дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година, а претходно беше дел од младинските репрезентации на Луксембург. Во својата кариера има настапувано и за младинските категории на Метз од Франција.

Браќата Урдинови го реализираа и трансферот на Жак Фокам Сандеу, 23-годишен фудбалер кој има двојно државјанство на Франција и Камерун.

23-годишникот направи трансфер од екипата на КФА која е дел од Втората лига на Исланд во Робстав Велвари, екипа од Третата чешка лига.

Трансферите ги реализираа браќа Урдинови, како и менаџерот од Чешка, Орхан Думањиќ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!