Трета лигаФудбал

Третолигашите на Истокот покренуваат иницијатива, ќе се бара доделување на субвенции и за екипите од Трета лига!

Сподели
Сподели

Третолигашите на Истокот покренуваат иницијатива за недоделување на субвенциите и помош за екипата од Третата македонска фудбалска лига.

Како што се вели во самата иницијатива, истата се потикнува во врска со неодамна искажаниот став на министерот за спорт, Борко Ристовски, за недоделувањето на субвенциите за третолигашите.

„Како што знаете, беше кажано дека воопшто нема да има помош за третолигашите, што значи и за сите нас, што е на некој начин дискриминативен однос (а да не зборуваме за споредбата дали сме биле ние социјални или земјоделски категории). Во комуникација со некои од претставниците на третолигашките клубови од Третата фудбалска лига Исток, сметаме дека треба да се спротивставиме на ваквото минимизирање и негирање на значењето на третолигашкиот фудбал, а тоа секако ќе има некаков ефект само ако се организираме и настапиме заеднички“, се вели во еден дел од иницијативата.

Како што дознаваме клубовите на Истокот веќе се во меѓусебен контакт и се договара за изготвување на заедничко соопштение кое ќе биде потврдено со потписи и печати од клубовите, а се разговара и за одржување на средба со претставници од сите клубови.

Останува да видиме како ќе се одвива целата ситуација околу оваа иницијатива и каков ќе биде исходот од истата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!