Трета лигаФудбал

Третолигашот Карбинци се засили со девет нови играчи, подготовките започнуваат утре

Сподели
ФОТО: ФК Карбинци
Сподели

Третолигашот Карбинци за пролетниот дел од сезоната се засили со девет нови играчи, со што се комплетираше трансфер пазарот кај овој клуб. Се работи за Сашко Соколов, Филип Слободановски, Филип Миташев, Христијан Крстов, Никола Илиевски, Синиша Петров, Саше Донев, Никола Манев и Оскар Сулиман.

Соколов е повратник во редовите на Карбинци, а доаѓа од екипата на Раиферсен Писторф од Австрија, Филип Слободановски и Филип Миташев во пакет од Вардар Неготино доаѓаат во Карбинци, од Хрватска се враќа поранешниот играч на Осогово Христијан Крстов, а од кочанскиот второлигаш доаѓа и Никола Илиевски.

Петров доаѓа од Овче Поле, а пак Донев е поранешен играч на Рудар од Пробиштип, додека Манев е член на младинските категории на Брегалница од Штип. За Сулиман екипата на Карбинци ќе биде негов прв клуб за кој ќе настапува.

Екипата на Карбинци утре ќе ги започне подготовки за пролетниот дел од сезоната, кој ќе започне на 9. март, а Карбинци во првото пролетно коло ќе гостува во Пирава кај Ударник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!