Трета лигаФудбал

Санација на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ во Струмица со цел подобри услови за игра

Сподели
Сподели

Санација на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ во Струмица, со цел подобри услови за вториот дел од сезоната. Како што информира фудбалскиот клуб Тиверија, кој е сопственик на овој терен, извршена е санација на оградата, односно оштетените делови се заменети со нови, направено е чистење на теренот, кабините за резервни играчи и трибинскиот простор.

Грижата на спортските терени е голема и важна обврска на клубовите, но пред се и на навивачите и гледачите, кои за време на гледањето на натпреварите треба да водат грижа за спортската инфраструктура, истата да не се оштетува, да не се загадува.

„Фудбалскиот клуб Тиверија имаше работни активности на теренот со вештачка трева -„Филип Лазаревски“ , терен кој е во сопственост на нашиот клуб. Во текот на вчерашниот ден отстранети се оштетените делови од оградата зад двете стативи, и исчистено е во оградениот дел околу теренот, кабините за резервни фудбалери и трибинскиот простор. Активностите во и околу теренот ќе продолжат и наредниот период, а веќе се договорени и заеднички поголеми зафати во соработка со ФК Беласица, како и еколошки акции со девојките од ЖФК Тиверија Брера АД. Упатуваме апел до клубовите, фудбалерите и граѓаните да се грижат за хигиената во и околу игралиштето“, се вели во соопштението на ФК Тиверија.

Овој терен го користат третолигашот Тиверија кој настапува во Трета лига – Исток како и прволигашот Тиверија Брера кој се натпреварува во Првата женска фудбалска лига, но и Беласица која некогаш тука тренира или одигрува пријателски натпревари.

Со овој потек се подобруваат условите за игра за вториот дел од сезоната, а Струмица може да се пофали со богата спортска фудбалска инфраструктура.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!