ФудбалФутсал

Пробиштип вечер ќе гледа футсал: Кратово во спортската сала „Софија Петровска“ го пречекува Конзули

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва жителите на Пробиштип ќе имаат можност да проследат натпревар од Втората футсал лига на Македонија, екипата на Кратово вечерва наместо во Градската сала во Кратово ќе игра во спортската сала „Софија Петровска“ против битолски Конзули.

Ваквата промена доаѓа поради санацијата на Градската сала во Кратово, па од таа причина Кратово „се сели“ во Пробиштип за вечерашниот натпревар против битолскиот тим кој ќе започне во 18:30 часот.

Пробиштип нема екипа во футсал, а со оглед на тоа што ФК Рудар се откажа од учество во Трета лига – Исток, а ќе игра во Општинска лига во Пробиштип, за која нема најави кога ќе започне и кога ќе можат жителите на овој град да следат фудбал, вечерашниот меч им е можност да погледнат футсал натпревар од 11. коло на Втората футсал лига на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!