Трета лигаФудбал

Третолигашот Сатеска од Волино се засили со тројца играчи – го сака баражот за Втора лига!

Сподели
Сподели

Третолигашот Сатеска од Волино за пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад се засили со тројца играчи како што дознава Спортска Мрежа.

Според нашите информации Сатеска се засилува со Дарко Цветаноски од екипата на Света Троица 2021, Мартин Нически кој доаѓа од второлигашот Охрид, како и со голманот Јанче Јанчески.

Цветаноски има 23-години, низ својата кариера покрај за охридскиот третолигаш Света Троица 2021 има настапувано и за Охрид, Караорман, Пелистер и Младост Царев Двор.

27-годишниот Нически доаѓа од второлигаш Охрид, а беше дел и од Воска Спорт, Караорман, Лакочереј, Октиси и Македонија ЃП.

29-годишниот Јанчески ќе биде нов чувар на голот на Сатеска, а има настапувано за Влазними од Струга, Македонија Враништа, Искра и Охрид.

Сатеска во понедленик ќе означи и старт на зимските подготовки, а во пролетниот дел ќе води борба со лидерот Преспа од Ресен и Кораб од Дебар за шампионската титула и обезбедувањето на баражот за можен влез во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!