Ракомет

Винициус за Спортска Мрежа: Меч кој беше физички интензивен, Вардар е добар тим, ги искористив шансите што ги имав!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Охрид вечерва ја одигра „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од Суперлигата против Вардар во „Билјанини Извори“, кој заврши со триумф за поранешниот шампион со 29:33.

Бразилецот Де Соуза Мораис Каио Винициус за Спортска Мрежа по мечот изјави дека натпреварот бил физички интензивен, вели дека Вардар е добар тим, а како што раскажува за Спортска Мрежа, ги искористил шансите што ги имал на мечот.

„Натпреварот беше физички интензивен, се подготвуваме за враќање во Суперлигата. Не започнавме баш добро, но како одминуваше времето, ние влеговме во ритам и бевме подобри отколку во првото полувреме. Вардар е добар тим, со многу технички квалитет. Мислам дека јас успеав да се снајдам добро и да ги искористам шансите што ги имав, така што во натпреварот влегов со 100% – со пет шанси и пет постигнати голови”, изјави Винициус за Спортска Мрежа.

Охрид пролетниот дел од сезоната го отвара против дебитантот Бисинов во Велес како голем фаворит.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!