Трета лигаФудбал

Третолигашот Големо Коњари договори три пријателски натпревари за темпирање на формата

Сподели
Сподели

Екипата на Големо Коњари која е есенски шампион во Трета лига – Југ договори три пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за пролетниот дел каде Големо Коњари ќе се бори за шампионската титула и со тоа да го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига.

Првиот меч се игра на 9. февруари против екипата на Бучин во Коњари, вториот меч е договорен за 16. февруари против есенскиот шампион во Трета лига – Југозапад, екипата на Преспа од Ресен, кој ќе се игра во Коњари.

Третиот пријателски меч кој ќе го одигра Големо Коњари е договорен за 23. февруари, а ќе го одигра против Влазерими во Кичево.

Како што информираше Спортска Мрежа екипата на Големо Коњари досега се засили со Беким Алили, Филип Кукески, Андреј Димитријески и Ениз Фазлиоски, а од клубот си замина само Ерџан Ибрахими.

Како што дознава Спортска Мрежа, Големо Коњари ќе промовира уште неколку нови играчи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!