Денес на стадионот „Билјанини Извори“ се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој заврши со триумф за екипата на Новаци предводена од Дарко Крстески со резултат од 1:2.
Новаци преку Бобан Здравевски дојде прв до предност на „Билјанини Извори“ за 0:1 на полувреме. Во вториот дел од натпреварот Бобан Здравевски постигна гол за 0:2. Охриѓани преку Наумче Бакрачески успеа да го намали резултатот на 1:2, а со тоа и да го ублажи поразот.
Охрид пролетниот дел од сезоната го отвара на домашен терен против лидерот Македонија ЃП, а пак Новаци на домашен терен ќе го пречека тимот на Детонит Плачковица од Радовиш.
- ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ГОЛОТ НА ЗДРАВЕВСКИ ЗА ВОДСТВО НА НОВАЦИ, КАКО И ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“