Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Васко Глигоров

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија за пролетната полусезона се засили со 21-годишниот Васко Глигоров, кој пристигна од редовите на Беласица. Струмичанецот во својата кариера има настапувано и за Брера Струмица и Каменица Саса. Тој во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на второлигашот од Гевгелија.

Кожуф викендот одигра и пријателски меч токму против Беласица, меч кој се играше на Градскито стадион во Гевгелија, а кој заврши без победник и без голови (0:0).

Пролетната полусезона во Втората лига, екипата на Кожуф која е предводена од Славчо Георгиевски – Тупан го отвара против Каменица Саса на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!