Ракомет

Ракометарите на Охрид го совладаа Прилеп на пријателски меч во „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва ракометарите на Охрид на пријателски меч го совладаа Прилеп, меч кој се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, а кој заврши со резултат од 34:24.

Првиот дел од средбата заврши со предност за охридските „гладијатори“ од плус пет односно резултатот на семафорот беше 19:14. Одлично издание на ракометари на Охрид, каде неколку ракометари одмараа на трибините, а шанса имаа и другите ракометари на кои може да смета стратегот Алушевски.

Веќе утре Охрид ќе одигра уште еден пријателски меч, против екипата на Куманово, исто така во охридската спортска сала „Билјанини Извори“, со почеток од 14 часот.

Охрид пролетниот дел од Суперлигата го отвара со гостување во Велес против дебитантот во ракометната елита на Македонија, екипата на Бисинов, во меч каде „гладијаторите“ на Стевче Алушевски ќе бидат фаворити за победа.

Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!