Младински фудбалФудбал

Младите фудбалери на Детонит Плачковица од утре ги започнуваат тренинзите за пролетниот дел

Сподели
Сподели

Младинските категории на Детонит Плачковица од утре ги започнуваат подготовките односно тренинзите за пролетниот дел од сезоната. Утре со почеток од 11 часот на теренот со вештачка трева при Градскиот стадион во Радовиш со првиот тренинг ќе биде означен почетокот на пролетниот дел од подготовките на младите фудбалери на радовишкиот клуб.

Детонит Плачковица започнува со тренинзи во пролетната сезона и врши уписи на членови во детска лига од генерација 2018 до 2012.

„Овозможуваме, современи услови и терени со вештачка и природна трева, лиценцирани тренери, професор со ФЗО и наши веќе докажани фудбалери кои своето знаење за фудбалот ќе го пренесат на сите членови на фудбалската школа. Сите наши членови имаат можност да бидат дел од фудбалската школа и истите ќе се ослободени од месечна чланарина, бидејќи се стремиме спортот т.е фудбалот да го доближиме до нашите деца и да ги пружиме најдбрите услови. Нашата школа зема учество во ФФМ Детска Лига, меѓународни и домашни турнири“, велат од клубот.
Сите кои се заинтересирани и кои сакаат да се запишат во школата на Детонит Плачковица, тоа може да го направат на некои од тренинзите на клубот, но и на 078/247-081 кај координаторот Бојан Коцев.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!