Третолигашот БВК Коњаре за пролетниот дел од сезоната добива капитално засилувања во името на Орган Мифтар, кој е најдобар стрелец во есенскиот дел во Трета лига – Север. Искусниот фудбалер всушност е старо-ново засилување, бидејќи тој се враќа во клубот каде настапуваше во минатото.
БВК Коњаре за пролетниот дел се засили и со Егзон Османи, кој доаѓа од второлигашот Башкими и кој исто така ќе биде големо засилување за овој третолигаш.

Претходно, тимот ја продолжи соработката на нови шест месеци односно за пролениот дел со Фатих Јусуфи.