Останато

Министерот Борко Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година.

Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи.

Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата.

Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата.

„Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ – истакна министерот Ристовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Министерот Борко Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски испиша историја – првиот македонски кошаркар со 100 настапи во националниот дрес!

Војдан Стојановски стана првиот кошаркар во историјата на Македонија со 100 настапи во националниот дрес, но големиот момент го засени поразот од Кипар...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...

Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!