Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за сите седум натпревари од 13. коло на Втората македонска фудбалска лига. Целото коло е закажано за сабота, 28 ноември, од 13:00 часот.
Влатко Илиоски ќе ја дели правдата на гостувањето на лидерот Охрид кај Осогово, Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Детонит Плачковица и Работнички, а Димитар Пилешков е делегиран за дуелот меѓу Еуромилк и второпласираниот Пелистер.
Беласица – Камјани | Струмица
Главен судија е Дарко Стојанов, со помошниците Филип Николов и Александар Николоски. Четврти судија е Борче Павловиќ, делегат Иван Матевски, а контролор Винко Смокварски.
Осогово – Охрид | Кочани
На Влатко Илиоски ќе му помагаат Борис Трајков и Иле Мишески. Четврти судија е Кирил Смоквоски, делегат Лазар Проданов, а контролор Бурханедин Салихи.
Новаци – Шкупи | Новаци
Главен судија е Никола Петковски, со помошниците Иван Ивановиќ и Петар Арсовски. Четврти судија е Ненад Тодоровски, делегат Хајро Бабачиќ, а контролор Љубе Ристевски.
Детонит Плачковица – Работнички | Радовиш
На Крумислав Ѓоргиев ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Дејан Стоиков. Четврти судија е Боби Величков, делегат Дејан Тасески, а контролор Горан Ангелески.
Кожуф – Македонија ЃП | Гевгелија
Главен судија е Дарко Котевски, со помошниците Јовче Кокевски и Борче Цветковски. Четврти судија е Владимир Ѓорѓиевски, делегат Аки Шукрија, а контролор Рашко Мишковски.
Тетекс – АП Брера Струмица | Тетово
Главен судија е Јован Качевски, со помошниците Разме Бакрачески и Јован Анѓелкоски. Четврти судија е Марјан Стојановски, делегат Арменд Дестани, а контролор Сашо Иванов.
Еуромилк – Пелистер | Горно Лисиче
На Димитар Пилешков ќе му помагаат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов. Четврти судија е Спире Арсов, делегат Фатмир Салаи, а контролор Драган Ристовски.