РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во организација на УЕФА.

Нашата селекција ќе настапи на турнирот во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. За противници во квалификациската група ги имаме селекциите на Унгарија, Сан Марино и домаќинот Турција.

Голмани: Илан Мемети (Лозана), Димитар Петров (АП Брера), Петар Талески (Шкендија);

Одбрана: Матеја Масев (Црвена Звезда), Амар Акики (Шкендија), Леарт Исеини (Бохум), Михајло Павлов (Железничар Панчево), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адријан Велески (Вардар), Илија Аксентиев (Македонија ЃП);

Среден ред: Марин Крстевски (Црвена Звезда), Александар Полимац (ИМТ), Дардан Адеми (Аресими 1973), Матеј Бочески (АП Брера), Боби Недановски (Пелистер), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Матеј Николов (Вардар), Џихан Ибраими (Вардар), Благојче Седлоски (Скопје);

Напад: Стефан Ристиќ (Партизан) и Рон Мемеди (Беласица);

Распоред на натпреварите:

11 ноември: Унгарија – Македонија (10:00 часот)

14 ноември: Македонија – Сан Марино (10:00 часот)

17 ноември: Македонија – Турција (12:00 часот)

Собирот на репрезентативците е закажан за 8 ноември во 10:00 часот во хотел „Парк“ во Скопје. Истиот ден, со почеток во 14:00 часот, е предвиден тренинг во тренинг-центарот на ФФМ.

Според квалификацискиот формат на УЕФА за Европското првенство до 17 години, двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во втората квалификациска рунда – Лига А.  Останатите две селекции, односно третопласираната и четвртопласираната репрезентација, ќе продолжат во Лига Б.

Во втората квалификациска рунда, која ќе се игра во пролетта 2027 година, 28-те репрезентации во Лига А ќе бидат поделени во седум групи. Победниците на групите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир на Европското првенство, каде што ќе им се приклучат домаќините Летонија. Завршниот турнир на УЕФА Европското првенство за репрезентации до 17 години е предвиден за периодот од 24 мај до 6 јуни 2027 година.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!