Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан Наумовски блескаше на голот на Скопје. Бодовите, сепак, му припаднаа на Тиквеш.

Тиквеш дојде во водство во 26.минута. По корнерот од десната страна, Ренатињо со волеј-удар ја затресе мрежата на Кристијан Наумовски.

Десет минути подоцна Лавал беше во шанса, но шутираше непрецизно од 12 метри. До крајот на првиот дел и Сила имаше можност, по додавањето од Лусианињо, но во последен момент расчисти одбраната на Скопје.

Тиквеш тргна офанзивно и во второто полувреме. Лусианињо во 51.минута, излезе сам пред Наумовски, го мина ј голманот, а потоа не успеа да ја погоди празната мрежа од изгледна позиција.

Потоа во шанси беа и Лавал и Висдом, но без ефект. Во 59.минута, Лусианињо повторно беше во одлична можност, шутираше од непосредна близина, но Наумовски спаси сигурен гол.



Три минути подоцна Лусианињо подготви одлична шанса за Лавал, но повторно Наумовски реагираше одлично.

По многу шанси, се чинеше дека Тиквеш ја удвои предноста во 69.минута, кога Окере Висдом успеа да го надмудри противничкиот голман. Сепак, беше досудена офсајд ситуација и голот не беше признат.

На крајот, Тиквеш ги освои трите бода, иако можеше да слави и многу поубедливо.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!