Прва женска фудбалска лигаФудбал

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, а Љуботен може да се одлепи на врвот

Сподели
Сподели

Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а шампионот Скопје со само осум примени гола ја има најдобрата одбрана. В недела, на 8 ноември од 13 часот, двете екипи ќе се сретнат во Скопје со три бода разлика на табелата. Домаќинките се втори со 25 бода, а струмичанки се трети со 22.

Скопје ја доби првата меѓусебна пресметка со 0:3 во Струмица, но во неделното дерби влегува по поразот од Љуботен со 3:2. Тиверија Брера, пак, во минатото коло загуби дома од Каменица Саса со 0:1. Со победа во Скопје, струмичанки би се израмниле со тимот од Пржино на 25 бода. Победа на домаќинките би ја зголемила разликата меѓу нив на шест.

Љуботен ќе го знае исходот од поголемиот дел од дербито кога во 14 часот ќе го почне гостувањето кај Кочани. Непоразениот лидер има 29 бода, а со победа би стигнал до 32. Повеќе од јасно е дека Љуботен ќе победи против „фенерџијата“ прашање е само со колкава разлика. Во тој случај, предноста на врвот би изнесувала четири бода ако победи Скопје, шест при реми и седум ако слави Тиверија Брера.



Колото го отвора Каменица Саса в сабота од 13 часот против Речица. Со победа би стигнала до 22 бода и привремено би се израмнила со Тиверија Брера. Пелистер, кој има 20 бода, в недела од 13:30 го пречекува Вардар и со триумф би го надминал сегашниот учинок на струмичанки. Во последниот неделен термин, од 14 часот, Ас Јунајтед го пречекува Истатов во Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!