ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во кое македонскиот претставник влегува како бранител на европската круна.
За арбитражата на првата средба и реваншот ќе бидат задолжени италијанските судии Николо Панета и Стефано Риело, додека делегат на ЕХФ ќе биде Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина.
Охриѓани европскиот предизвик ќе го отворат утре, со почеток во 18:30 часот, во салата „Билјанини Извори“. Вториот натпревар меѓу истите ривали е закажан за в сабота, повторно во Охрид и во истиот термин.