Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Сподели
Сподели

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По само осум одиграни кола од сезоната, дури седум второлигаши направија промени на тренерските позиции, бројка што ретко се забележува во последната деценија во ова натпреварување.

Причините за разделбите се различни – од оставки и заминувања во странство до одлуки за промена на тренерското место поради лоши резултати. Во секој случај, голем број клубови веќе се одлучија за промени во обидот да ги остварат своите цели во продолжението од сезоната.

Промена се случи во Осогово, каде што Крсте Крстев поднесе оставка, а на негово место дојде Спирко Златков.



Промена имаше и во Новаци, каде што Иван Варадиновски си замина од тренерската функција. Нов тренер доби и повратникот во второлигашкото друштво, Еуромилк од Горно Лисиче. Јован Трајков го напушти клубот, а негов наследник стана Љупчо Димовски.

Во Беласица, Мартин Алаѓозовски замина од клупата, бидејќи кариерата ја продолжува во странство. На негово место беше назначен Раде Цецмиловиќ кој е повратник во Беласица.

Слична ситуација имаше и во Камјани, каде што Бурхан Емурлаи замина во Азербејџан, а тренерската функција му беше доверена на Љабинот Муслиу.



Промени се случија и во Детонит Плачковица. Горан Здравков го напушти клубот, а како опција за негов наследник засега е помошникот Драги Коцев.

Седмата тренерска промена е во Кожу, каде што Дарко Крстесски си замина, а на негово место дојде Вангел Алтипармаковски.

Така, по само осум кола, седум екипи од Втората македонска фудбалска лига веќе имаат нови решенија на тренерските позиции. Останува да се види дали овие промени ќе донесат резултатски пресврт и поголема стабилност во продолжението од првенството.

Едно е сигурно – сезоната во второлигашката конкуренција започна бурно, барем кога станува збор за тренерските клупи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!