Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во меч од 7. коло на Трета лига регион 6.
За победникот двоен стрелец беше Дурим Љоки, а еден гол постигна Енсар Љума, а пак автогол си постигна Гадаф Бериша.
Дрита на гостински терен со 1:4 славеше над Љуботен, каде стрелци беа Ендрит Алимани и Арсим Рамадани, а пак двапати стрелаше Бесим Алили. За домаќинот погоди Бојан Костадиновски.
Гостивар со 2:1 славеше победа на Речица преку Акн Естиу и Бурак Менга, за гостинот погоди Јетон Џеладини во 81. минута.
Вистинска голеада со осум гола на мечот меѓу Градец и Доброшти, каде гостинот со 3:5 славеше три бода.
За домаќинот Ерјон Еламзи погдои двапати, а еден гол беше дело на Елмедин Адиљи, за гостинот Агон Хашими имаше два гола, а по еден Арбен Гафури, Ендри Муареми и Сутки Муслија.
Џепчиште и Кораб ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Домаќинот прв дојде до водство со голот на Ментор Саљиу за гостинот погоди Муча Ујкан.