Трета лигаФудбал

Голема победа за Илинден над БВК Коњаре, Аеродром славеше над Ржаничино, три бода за Марино

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Илиден со убедлива победа од 5:0 го доби БВК Коњаре во меч каде домаќинот имаше убедливо славје, натпревар кој требаше да биде дерби на 6. коло на Трета лига регион 1.

Дарио Десниќ и Ален Јашароски беа двојни стрелци, а еден гол постигна Филип Стојчевски.

Марино на домашен терен со 2:1 славеше над Њу Старс, каде Мухамедин Фејзула за домаќинот беше двоен стрелец, за гостинот погоди Максим Франговски.

Студеничани и Башкими Љуботен одигра 1:1 и ги поделија бодовите. Домаќинот до водство дојде во 72. минута преку Риад Кадри, а потоа во 77. минута Шуајб Алити си постигна автогол за 1:1.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни.

Беса од Сарај и Фортуна одиграа 2:2 и ги поделија бодовите, за домаќинот погодија Фуркан Саити и Муртезан Незири, а за гостинот Шуајб Рамани и Агон Исмаили.

Аеродром со головите на Фуад Керими славеше со 2:0 над Ржаничино.

Со овие натпревари се комплетира колото кое се отвори вчера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Брера и Беласица ги поделија бодовите во струмичкото дерби, Цицмиловиќ дебитираше со реми

Градското дерби во Струмица меѓу Брера и Беласица заврши без голови (0:0), па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод...

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во меч од 7. коло на Трета лига регион 6. За победникот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО) Брера и Беласица ги поделија бодовите во струмичкото дерби, Цицмиловиќ дебитираше со реми

Градското дерби во Струмица меѓу Брера и Беласица заврши без голови (0:0),...

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во...

Трета лигаФудбал

Влазерими со три бода, Караорман и Кравари забележаа домашни победи

Влазерими од Кичево со триумф над Напредок од Ношпал со резултат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!