Питу Гули со убедлива победа над Превалец во гости од 0:5, во рамки на 6. коло на Трета лига регион 4.
Ѓорѓи Стрезовски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Антонио Димоски, Петар Ристески и Васко Петкоски.
Вардар Неготино ја доби голеадата со Ултрас откако со 4:3 беше подобар на домашен терен. За ланскиот второлигаш двапати погоди Стојанче Камчев, а по еден гол постигнаа Никола Вареловски и Диме Великов.
За гостинот стрелаа Бобан Тошески, Петар Петроски и Игор Паноски.
Влазними Јуниор на домашен терен загуби од Победа од Пепелиште со резултат од 3:4. За домаќинот стрелаа Аџи Усеини, Аделин Демири и Аџи Фејзулаи, за гостинот Горан Соколов беше двоен стрелец, а стрелаа и Мартин Темелковски и Усинов Дејан.
Со овие натпревари се комплетираше 6. коло.