Овче Поле го декласираше хитот во Трета лига регион 3, Огражден од Ново Село со 3:0 на домашен терен во меч од шестото коло.
Сите три голови за тимот од Свети Николе ги постигна Тоше Манов.
Со голот на Петар Илиев во 89. минута Хоризонт Турново славеше во Виница над ланскиот второлигаш Слога, а Руни го реши мечот за три бода за некогашниот вицешампион на Македонија.
Дербито во Берово му припадна на Малеш кој со 2:0 славеше над Брегалница од Делчево со головите на Матеј Левков во првиот дел и Тони Мичковски во вториот дел.
Во Македонска Каменица немаше победник откако Каменица Саса и Победа Валандово одиграа 1:1. По чистите мрежи во првиот дел во второто полувреме „калинкарите“ до го отворија резултатот со голот на Никола Костадинов во 56. минута, а четири минути подоцна Филип Николовски погоди за конечни 1:1.
Дојранско Езеро славеше во Пирава над Ударник со 1:2, за домаќинот погоди Адријан Трајков, за гостинот двоен стрелец беше Димитар Јанев, а победничкиот гол беше постигнат во 91. минута.
Во оваа коло слободна беше екипата на Карбинци.