Екипата на Силекс забележа значајна победа на гостувањето кај Башкими во Куманово, совладувајќи го домашниот тим со убедливи 0:3. Со овој триумф, избраниците на Александар Васоски се враќаат на победничките патеки и освојуваат важни бодови во борбата за подобар пласман на табелата.
Кратовци ја најавија победата уште во првото полувреме, кога Нихад Шеро ја затресе мрежата на Башкими. Конечниот резултат го постави Кристијан Ефтимов и Александар Мишов, кои во вториот дел ја потврди убедливата победа на Силекс.
Трите бода му овозможуваат на Силекс да ја зацврсти својата позиција во средината на табелата, но и да се надева на приклучок кон екипите што се борат за места кои водат во европските натпреварувања.
До гостинска победа стигна и Шкендија, која во Автокоманда славеше со 1:3 против Скопје. Тетовци до трите бода дојдоа со головите на Ендрит Красниќи, Бојан Димоски и Тамба Фрабрице додека единствениот погодок за домашниот состав го постигна Душко Трајчевски.
Со овие резултати, Силекс и Шкендија продолжуваат со освојување важни бодови во првенствената трка.