Екипата на Демир Хисар се израдува на првата сезонска победа откако славеше на гостувањето кај Крошу Спорт во Кравари со резултат од 0:3, во рамки на воведниот меч од 6. коло на Трета лига регион 5.
Аце Јанкуловски во 31. минута погоди за водство на гостинот на полувреме од 0:1. Во вториот дел Јовица Китановски беше двоен стрелец за конечни 0:3, откако погоди во 87. и 90. минута.
Колото се комплетира денес со останатите средби.