Победа преку пресврт за Кул Здравје од 3:1 над Перпарими Нигиштан за отварање на 6. коло на Трета лига регион 1.
Гостинската екипа преку гол на Емир Мустафа уште во 8. минута имаше предност, со што Перпарими Нигиштан на полувреме имаше 0:1.
На стартот од вториот дел домаќинот израмни преку Филип Костовски во 47. минута, а десет минути подоцна Аљмир Фаризи си постигна автогол, со што Кул Здравје имаше предност од 2:1.
Конечниот резултат го постави Петар Крчаноски во 75. минута за конечни 3:1.
Колото се комплетира со денешните натпревари.