Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај Горица, откако по драматична завршница загубија со 27-24 во првиот дуел од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Скопјани имаа предност од два гола во последните десетина минути, но домашниот состав со серија од 6-1 направи пресврт и си обезбеди предност пред реваншот.

Иако на почетокот Бутел се соочи со негатива од пет погодоци, избраниците на Стојанче Стоилов постепено се вратија во натпреварот. Подобрата одбрана и интервенциите на голманот Чаневски им помогнаа да го преземат водството во второто полувреме, а во еден момент поведоа и со 23-21. Сепак, неискористените напади во клучните моменти им овозможија на Хрватите да ја преземат контролата и да стигнат до конечните 27-24.

Во нападот на Бутел, Николоски, Субашевски и Стаменковиќ постигнаа по четири гола, додека кај Горица најефикасен беше Цековиќ со пет погодоци.

Одлуката за патникот во следното коло ќе падне во Скопје. Реваншот е закажан за 24 октомври од 17:00 часот, кога Бутел ќе има можност пред домашната публика да ја надомести негативата од три гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

Ракомет

Драма во Куманово: Мамдух со гол за победа над Младост Богданци во финишот!

МРК Куманово ја забележа првата победа во новата сезона од ракометната Суперлига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!