Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум, оценувајќи дека ВАР-интервенцијата била правилна и во согласност со Правилата на фудбалската игра.

Од ФФМ појаснуваат дека во 24. минута од натпреварот, одбранбениот играч на Шкендија Арачиново со број 3 го повлекол и задржал напаѓачот на Струга Трим Лум, кој бил во очигледна можност за постигнување гол. Главниот судија првично не реагирал, но по проверката на ВАР-судиите и прегледот на снимката на теренот ја променил одлуката, досудил пенал и му покажал директен црвен картон на домашниот фудбалер.

Според ФФМ, ВАР-судиите правилно го примениле протоколот, а главниот судија донел соодветна одлука по прегледот на ситуацијата.

„Во оваа ситуација во целост е испочитуван ВАР-протоколот и точно се применети критериумите од Правилата на фудбалската игра за прекршок за казнен удар и за спречување очигледна шанса за гол“, се наведува во соопштението на ФФМ.

Од Федерацијата, сепак, упатија и сериозни обвинувања за однесувањето на претставници на Шкендија Арачиново. Според нивното соопштение, по натпреварот претставници на клубот и неслужбени лица влегле во судиската соблекувална и упатувале навреди кон судиите и официјалните лица на ФФМ. Од Федерацијата посочуваат дека инцидентот е евидентиран во записникот.

ФФМ и Судиската организација најостро го осудија ваквото однесување, оценувајќи го како недолично и неспортско, со потенцијално нарушување на интегритетот, достоинството и безбедноста на службените лица.

Од Федерацијата најавија дека за случајот ќе биде иницирана соодветна дисциплинска постапка пред надлежните органи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната публика забележа убедлива победа од 3-0 над Осогово во натпревар од...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

Николов донесе три бода за Вардар, Струга ја победи Шкендија Арачиново

Струга Трим Лум ја запиша првата гостинска победа оваа сезона, откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!