Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел од судиската екипа на натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Нашите арбитри ќе ја водат првата средба меѓу полската Островија и турскиот Истанбул Генчлик, дуел што е закажан за утре во Остров Виелкополски. Почетокот е предвиден за 18:00 часот, а домаќин на европската пресметка ќе биде „Арена Остров“.
За делегат на натпреварот е назначен Хашани од Косово, кој заедно со македонската судиска двојка ќе биде дел од официјалните лица задолжени за организацијата и спроведувањето на дуелот.