ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Сподели
Сподели

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во елитата СЕЕ Универисити во Тетово со резултат од 3:4 и го запиша вториот сезонски триумф за максимален ефект по две кола.

Домаќинот од старт покажа дека нема да биде со бело знаменце на теренот и дека ќе сака да го изненади бранителот на двојната круна, откако приреди почеток шок за тимот на Проект преку двојниот стрелец Исмет Цека, кој најпрво во 2. минута го отвори резултатот, а потоа во 9. минута ја дуплираше предноста.

По три минути Проект преку Наум Блажевски намали на 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.



Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт, а заслужен за тоа беше Трајче Димитриев кој постигна два гола во шест минути.

Димитриев најпрво во 28. минута го израмни резултатот на 2:2, во 34. минута Андреј Коцевски стрелаше за 2:3 и комплетен пресврт за Проект предводен од тренерот Игор Димов, а пак во 36. минута Димитриев со втор гол обезбеди предност од 2:4. Во самиот финиш од мечот Иса Ејупи беше прецизен за ублажување на поразот на конечни 3:4.

Поддржете ја Спортска Мрежа
Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!