Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен ракометар потпиша за романската Стеауа Букурешт, каде што ќе се обиде да му помогне на тимот да излезе од резултатската криза и да обезбеди мирна сезона во домашното првенство.

Јотиќ се враќа на ракометните терени по тешката повреда што ја заработи на почетокот на минатата сезона. Неговото доаѓање претставува значајно засилување за романскиот состав, кој забележа четири порази на првите четири натпревари и сега ќе се обиде да ја подобри формата со помош на искусниот интернационалец.

Хрватот е добро познат на македонската ракометна јавност по настапите за Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид. Со Вардар ја освои титулата во македонското првенство, а во богатата кариера се закити и со шампионскиот трофеј во Хрватска како член на Загреб.

Покрај македонските и хрватските клубови, Јотиќ настапуваше и за данскиот Алборг и германскиот Лајпциг, додека дел од кариерата ја мина и во Нексе. Искуството го градеше и на европската сцена, со настапи во Лигата на шампионите, а во 2019 година беше дел од хрватската репрезентација на Светското првенство.

Јотиќ е висок 191 сантиметар и може да одговори на позициите среден и лев бек, што му дава дополнителни можности на романскиот тим во организацијата на нападот.

За Стеауа претстои важна задача во продолжението на сезоната, а клубот се надева дека враќањето на Јотиќ по повредата и неговото меѓународно искуство ќе помогнат во подобрувањето на резултатите и во исполнувањето на целите во романската елита.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Воркапиќ блесна во Полска и се најде меѓу елитата во Лигата на шампионите!

И покрај поразот на Вардар во Полска, еден од ракометарите на македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!