ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Конче инвестира во спортот: Започна изградбата на нова соблекувална на фудбалскиот терен

Сподели
Сподели



На фудбалскиот терен во општина Конче започнаа активностите за изградба на нова соблекувална, со која спортистите од општината ќе добијат подобри и посовремени услови за подготовка и тренинг.

За почетокот на активностите информираше градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов, кој истакна дека проектот е дел од континуираната поддршка за спортот и младите.

„Денес поставивме темели на соблекувална на фудбалско игралиште во Конче. Со тоа спортистите од општината ќе добијат современи услови за подготовка и тренинг. Со активностите се предвидува изградба на современа соблекувална со исполнување на техничките стандарди и нормативи. Продолжуваме со поддршка и инвестирање во спортот и младите“, вели градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

Во општина Конче функционира фудбалскиот клуб Серта, кој е дел од локалниот спортски живот. Како рурална општина, Конче посветува внимание на развојот на спортот, а покрај фудбалот, во последниот период започна со работа и ракометниот клуб Феникс од Радовиш. Во општината има и боречки клуб, што дополнително ја збогатува спортската понуда.

Конче е познато и по традиционалниот турнир во мал фудбал, кој се организира по повод празникот Петровден и претставува можност за спортско дружење и натпреварување.

Изградбата на новата соблекувална е чекор кон подобрување на спортската инфраструктура и создавање посоодветни услови за локалните спортисти. Инвестициите во вакви објекти се важни за развојот на клубовите, поттикнување на младите да се занимаваат со спорт и зацврстување на спортскиот живот во општината.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!