Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Сподели
Сподели

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија.

Ракометарот, кој моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед, од денес и официјално му е ставен на располагање на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Хориха се огласи откако беше официјално соопштено дека ќе има право да го носи репрезентативниот дрес на Македонија.

“Пред сè, сакам да им се заблагодарам на сите што веруваа во мене и ме поддржуваа во текот на целиот овој период. Уште од моите први денови тука, Македонија направи да се чувствувам како дома. И во поразите и во победите, во секој момент од ова патување ја чувствував поддршката од луѓето од сите краишта на земјата. За тоа, сакам од срце да му се заблагодарам на секој од вас! Во моментов ме обземаат многу различни емоции, бидејќи ова претставува голем чекор во мојот живот – чекор што ја менува мојата перспектива и ми отвора сосема нова страна на ракометот. Ова е огромна одговорност, нов предизвик и ново поглавје што го прифаќам со голема гордост и благодарност“, вели Хориха.

Ракометарот на кој настапува за ПИК Сегед се заблагодари за довербата и можност да настапува за македонската ракометна репрезентација.

„Знам дека пред мене стојат многу нови искуства, предизвици и одлуки, кои ќе бараат уште поголема сила, карактер и чувство на одговорност. Но, токму ваквите моменти нè поттикнуваат да растеме, да ги надминуваме сопствените граници и да стануваме подобри – не само како спортисти, туку и како луѓе. Тука доживеав цел спектар на емоции – подеми и падови, тешки моменти и незаборавни победи. Токму тука вистински ја разбрав вредноста на тоа да имаш луѓе што веруваат во тебе, дури и кога работите не се одвиваат според планот. Во животот на секој спортист доаѓа момент кога е време да направи чекор напред, да прифати нов предизвик и да преземе уште поголема одговорност. За мене, тој момент дојде денес. Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене“, дополнува Хориха кој го облекува репрезентативниот дрес на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Стефанов за новото засилување на Македонија: „Добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес“

Дмитро Хориха и официјално ќе може да го носи дресот на македонската ракометна репрезентација, откако доби зелено светло од Светската ракометна федерација. Неговото...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров за Хориха: „Има победнички карактер и секогаш прави сè за неговиот тим да победи“

Македонската ракометна репрезентација доби нова опција во играчкиот кадар пред претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 година. Дмитро Хориха и официјално...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Лазаров за Хориха: „Има победнички карактер и секогаш прави сè за неговиот тим да победи“

Македонската ракометна репрезентација доби нова опција во играчкиот кадар пред претстојните квалификациски...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!