Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга и впишаа нови бодови во домашниот шампионат. Скопскиот тим славеше со 33-22 (16-8), враќајќи се на победничките патеки по поразот од Охрид и со позитивна атмосфера го очекува првиот европски предизвик сезонава.

ФОТО: РК Алкалоид

Избраниците на Кирил Лазаров од самиот почеток ја презедоа контролата врз случувањата на теренот. По почетната резултатска неизвесност, Алкалоид ја зацврсти одбраната, пронајде решенија во нападот и со серија од пет последователни погодоци направи значителна разлика. Домаќините на паузата заминаа со убедливи 16-8, а во продолжението без поголеми проблеми ја одржуваа предноста и рутински го приведоа натпреварот до крај.

Никола Костески беше најрасположен во нападот на Алкалоид со шест погодоци, додека Дамјан Митев и Монси Тордарсон постигнаа по пет гола. Значаен придонес имаше и голманот Иван Галевски, кој запиша 15 одбрани. Кај стружани, Шилегов се истакна со пет реализации, а Мартин Манасков и Родиќ постигнаа по четири гола.

ФОТО: РК Алкалоид

Со овој триумф, Алкалоид ја забележа шестата победа по седум одиграни кола во Суперлигата и останува веднаш зад максималниот Вардар 1961. Сега вниманието на тимот се насочува кон европската сцена и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар ќе се одигра на 17 октомври, од 19:00 часот, во салата „Автокоманда“, каде што избраниците на Лазаров ќе имаат можност успешната домашна серија да ја пренесат и во европскиот предизвик.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Висла Плоцк загубија со минимални 33-32 (16-13). Македонскиот...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга и впишаа нови бодови во домашниот шампионат. Скопскиот тим славеше со...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!