Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички, кои ќе се соочат на стадионот во Неготино со почеток од 15:00 часот.
Работнички е фаворит за триумф и пласман во следната фаза.
Правдата ќе ја дели Доне Ристовски, а ќе му помагаат Петар Манчев и Славе Станисавовски, а пак Јордан Јовановски е четврти судија.
Претходно, место во осминафиналето обезбедија Тиквеш, Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново, Каменица Саса, Скопје, Новаци, Беласица, Брегалница, Вардар, Струга, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица.
Силекс, како бранител на трофејот освоен минатата година, има обезбедено директен пласман во осминафиналето.