ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Сподели
Сподели

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион.

26-годишниот фудбалер носи и меѓународни искуство, а од Проект го претставија како играч со голем индивидуален квалитет и доаѓа како сериозно засилување.

Шабанов низ кариерата настапувал за Беласица, Превалец, Вардар Неготино, Плачковица, Локомотива од Градско, Братство од Житоше, Новаци, кичевски Влазерими, додека пак меѓународна кариера градеше во Германија настапувајќи за Витлинген и во Хрватска во дресот на Омишаљ.



Клубот од Јосифово кој одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Јуветус Серава претходни ги промовираше Александар Черкезов, повратникот Никола Анчевски, Кирил Неделков и Андреј Коцевски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!