Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за македонските навивачи во Луцерн е обезбедена организирана фан зона и навивачки марш.
Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана на Vögeligärtli (Sempachergarten), каде што е предвидено собирање на навивачите во периодот од 18:00 до 19:00 часот.
Потоа, во 19:15 часот, од фан зоната организирано ќе започне навивачкиот марш, односно „Fan Walk“, кој ќе се движи кон Thermoplan Arena. Маршот ќе биде реализиран со полициска придружба.
Донирај за Спортска Мрежа и поддржи го независното известување за македонскиот спорт
Од Фудбалската федерација на Македонија ги повикуваат сите македонски навивачи кои ќе ја користат организираната рута навреме да пристигнат во фан зоната, со цел навивачкиот марш да започне организирано и без проблеми.
Вечерашниот натпревар во Луцерн носи нов предизвик за македонската репрезентација, а поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за избраниците на селекторот Гоце Седлоски во дуелот со Швајцарија.
- Распоред за македонските навивачи:
📍 18:00–19:00 – собирање во Vögeligärtli (Sempachergarten)
🚶♂️ 19:15 – старт на „Fan Walk“ кон Thermoplan Arena
⚽ 20:45 – Швајцарија 🇨🇭 – 🇲🇰 Македонија