Вечерва Македонија ќе биде домаќин на Шкотска во Скопје, во мечот од 3. коло на Лигата на нации, а Фудбалската федерација на Македонија информираше дека за најмладите навивачи и нивните тренери ќе има бесплатен влез.
„Бесплатен влез на натпреварите на Македонија имаат младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци. За натпреварот Македонија – Шкотска, влезот за нив на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ е бесплатен. Свое место на трибините имаат и навивачките групи кои побараа организирано присуство на натпреварот. Бесплатниот влез за најмладите фудбалери и нивните тренери е обезбеден за сите натпревари на Македонија во овој циклус“, велат од ФФМ.
Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:45 часот.