РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија и Шкотска по прекин на негативните серии: „Црвено-жолтите“ бараат гол и победа во Скопје

Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Шкотска во натпреварот од третото коло во Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ во дуелот влегуваат со јасна желба да стават крај на долгата серија без победа, но и на уште подолгата голгетерска суша. Македонија последен пат славеше на 7 септември 2025 година, кога на домашен терен со убедливи 5:0 го совлада Лихтенштајн.

Од тој натпревар помина повеќе од една година, а во меѓувреме Македонија не успеа да запише нов триумф. Последниот погодок, пак, беше постигнат на 18 ноември 2025 година во натпреварот против Велс, кој „црвено-жолтите“ го загубија со високи 7:1.

Во последните пет натпревари Македонија има три порази и две нерешени средби. Загуби со 4:0 од Турција на пријателски натпревар, одигра без голови со Босна и Херцеговина и Ирска, а во новото издание на Лигата на нации претрпе порази од Швајцарија со 0:3 во Скопје и од Словенија со 2:0 во Љубљана.



Но, ниту Шкотска не може да се пофали со особено добра резултатска серија. На последните пет натпревари има пораз од Швајцарија со 0:3 во првото коло од Лигата на нации, реми 0:0 со Словенија во Љубљана, пораз од Бразил со 0:3 и минимален пораз од Мароко со 0:1. Последната победа Шкотска ја забележа на 14 јуни 2026 година, кога со 1:0 го совлада Хаити на Светското првенство.

  • Македонија со една победа во четири меѓусебни дуели

Историјата на меѓусебните пресметки покажува израмнети, но позитивни бројки за Шкотска. Двете репрезентации досега одиграле четири натпревари, Македонија има една победа, Шкотска две, додека една средба завршила без победник.

Првиот дуел се одигра во Скопје на 6 септември 2008 година, кога Македонија со 1:0 ја совлада Шкотска.



Шкотите возвратија на 5 септември 2009 година, кога на домашен терен славеа со 2:0.

На 11 септември 2012 година во Шкотска немаше победник, а двете селекции одиграа 1:1. Последниот меѓусебен натпревар се одигра на 10 септември 2013 година во Скопје, кога Шкотска славеше со 2:1.

Вечерва и двете селекции ќе имаат мотив да стигнат до позитивен резултат и да ја прекинат негативната серија. Македонија пред домашната публика ќе ја бара првата победа по повеќе од една година, но пред сè и првиот гол по долгата голгетерска пауза.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со убав гест: Бесплатен влез за младите фудбалери на мечот Македонија – Шкотска

Вечерва Македонија ќе биде домаќин на Шкотска во Скопје, во мечот од 3. коло на Лигата на нации, а Фудбалската федерација на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија и Шкотска по прекин на негативните серии: „Црвено-жолтите“ бараат гол и победа во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Шкотска во натпреварот од третото коло во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!