РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски пред Шкотска: Не смееме да ја прифатиме нивната игра, туку мора да ја неутрализираме со наша реакција

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија нема време за одмор, бидејќи веќе вечерва ја очекува нов предизвик во Лигата на нациите. По двата порази од Швајцарија на домашен терен и Словенија во гости, избраниците на селекторот Гоце Седлоски во Скопје ја пречекуваат Шкотска, во натпревар од третото коло каде ќе се бара победа за крај на резултатската криза.

На прес-конференцијата пред натпреварот, селекторот Седлоски уште еднаш го потврди својот став дека репрезентацијата се наоѓа во процес на подмладување и дека за тој процес е потребно време.

„Ја подмладивме репрезентацијата и уште ќе подмладувам. Критиките нека одат кај мене. По договор со федерацијата, ќе продолжам со процесот на создавање нови играчи. Сакаме да создадеме нова репрезентација и на тој процес останувам до крај. За тоа треба време, не може сe да дојде преку ноќ“, истакна Седлоски.

Селекторот нагласи дека настапот во Лигата Б носи поинакви предизвици и дека Македонија мора да се адаптира на квалитетот на противниците, но истовремено да не отстапува од сопствениот начин на игра.

„Кога доаѓав знаев каде влегувам и со какви репрезентации ќе играме. Работам, гледам, следам и знам што правам. Сакам овие момци да бидат задоволни и да ја направат Македонија среќна. На мечот со Словенија, особено во првото полувреме, видовме работи од кои можам да бидам задоволен и сакам да продолжиме во тој ритам, без да се браниме“, додаде селекторот.

За Шкотска, Седлоски очекува физички силен противник, кој често ја користи играта со долги топки и директни напади.

„Шкотска е репрезентација која игра со долги топки и многу топки во шеснаесетникот. Не смееме да ја прифатиме нивната игра, туку мора да ја неутрализираме со наша реакција. Имаат играчи од Премиер лигата, Чемпионшип и Италија. Спремни сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и да одиграме како што знаеме“, порача Седлоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра вечерва во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!