Младост е подготвен за утрешниот предизвик против Мулти Есенс, во Автокоманда тимот од Богданци ќе атакува на првата сезонска победа, во рамките на 5. коло на Супер лигата.
Натпреварот е повеќе од важен и мотивиран, да се стигне до првата сезонска победа, која победа сигурно е дека ќе биде посветена на првиот секретар на РК Младост и еден од основачи на клубот, Борис Поп Глигоров, кој денес Богданци и ракометна Македонија се простува од човекот кој го посвети својот живот на спортот, на младите и на ракометот.
Тодор Узунчев пред утрешниот меч за Спортска Мрежа вели дека сите се максимално мотивиран.
„Атмосферата во екипата е одлична и сите сме максимално мотивирани. Свесни сме дека нè очекува многу важен натпревар и дека треба да дадеме максимум“, вели ракометарот на Младост.
Узунчев вели дека секогаш може подобро од натпревар во натпревар, дополнувајќи дека е задоволен од досега прикажаното.
„Задоволен сум од досега прикажаното, но секогаш може подобро. Имавме добри моменти, покажавме карактер и борбеност, но исто така видовме и на што треба дополнително да работиме“, вели Узунчев.
Ракометарот на Младост очекува поддршка од публиката и во Автокоманда, велејќи дека публиката секогаш носи мотивација плус.
„Секако дека ја очекуваме поддршката од нашата публика. Тие секогаш ни даваат дополнителна мотивација и ни значи многу кога се со нас на трибините“, рече Узунчев.
Натпреварот меѓу Мулти Есенс и Младост се игра утре во спортската сала Автокоманда, со почеток од 16:00 часот.