Втора лигаФудбал

Пријателска во Радовиш: Детонит Плачковица против Беласица

Сподели
Сподели

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одржување на натпреварувачкиот ритам, но и за проверка на формата пред продолжението на сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Утре на Градскиот стадион во Радовиш ќе се сретнат два второлигаши – Детонит Плачковица и Беласица, во пријателски натпревар кој ќе биде добра можност за двата стручни штаба да ги проверат своите екипи и да ги одржат играчите во потребниот ритам.

Интересно е што и Детонит Плачковица и Беласица во последниот период не успеваат да дојдат до резултати какви што посакуваат. Радовишани се во нешто потешка серија, со три последователни порази во шампионатот. Детонит Плачковица загуби на гостувањата кај Новаци и Камјани, а потоа претрпе пораз и на домашен терен од Охрид.

Беласица, пак, има четири натпревари во низа без триумф. Иако серијата не е толку негативна како кај Детонит Плачковица, струмичкиот тим ќе се обиде токму преку овој контролен натпревар да ја подигне формата и подготвен да го дочека продолжението на шампионатот.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

По репрезентативната пауза следува седмото коло во Втората лига. Детонит Плачковица ќе има домашен предизвик против Кожуф, во натпревар кој може да биде од големо значење во обидот радовишани да стават крај на негативната серија.

Беласица, од друга страна, ја очекува дерби-пресметка на домашен терен против Пелистер. Токму затоа контролниот дуел во Радовиш ќе биде можност и за струмичани да влезат во вистински ритам пред продолжението на првенствените обврски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пријателска во Радовиш: Детонит Плачковица против Беласица

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одржување на натпреварувачкиот ритам, но и за проверка на формата пред продолжението на сезоната во Втората македонска...

Ракомет

Осум мечеви во октомври: Вардар влегува во вистински ракометен маратон!

Октомври носи вистински ракометен маратон за Вардар 1961. „Црвено-црните“ ги очекува исклучително густ распоред во кој ќе одиграат дури осум натпревари, а календарот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Црна Река со највисоки амбиции: Поранешниот прволигаш тргнува по враќање во Првата лига

КМФ Црна Река ги започна подготовките за новата сезона во Втората футсал...

Втора лигаФудбал

Контролни натпревари: Струга Трим Лум и Новаци ремизираа, Шкендија убедлива против Камјани

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одигрување на пријателски натпревари со цел...

Фудбал

„Како може да се организира општинска лига преку ОФС Охрид, ако ОФС Охрид е суспендиран од ФФМ?“

Серија прашања во врска со организацијата на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Охрид...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!