Ракомет

Осум мечеви во октомври: Вардар влегува во вистински ракометен маратон!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Октомври носи вистински ракометен маратон за Вардар 1961. „Црвено-црните“ ги очекува исклучително густ распоред во кој ќе одиграат дури осум натпревари, а календарот е исполнет со серија сериозни предизвици и на домашна и на европска сцена.

Серијата започнува на 3 октомври со големото дерби против Охрид во СЦ „Јане Сандански“, а веднаш потоа следува европскиот предизвик против Висла Плоцк. Полскиот тим гостува во Скопје на 8 октомври во рамките на Лигата на шампионите, со почеток од 20:45 часот.

По европската пресметка, Вардар продолжува со домашните обврски. На 11 октомври следува гостување кај Струга, а само три дена подоцна „црвено-црните“ повторно ќе се соочат со Висла Плоцк, овојпат во Полска.

Но тука не завршува приказната. На 18 октомври Вардар ќе го пречека Бутел, по што повторно следува Лигата на шампионите и гостувањето кај Нант на 21 октомври. ЕХФ го има закажано овој натпревар за 20:45 часот.

Последната недела од месецот носи уште два натпревари. На 25 октомври Вардар ќе гостува кај Прилеп, додека октомврискиот маратон ќе биде затворен со уште еден европски спектакл — на 28 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе пристигне германскиот Мелсунген.

Така, во само 26 дена Вардар ќе има осум натпревари, од кои четири во домашното првенство и четири во Лигата на шампионите. Особено впечатлив е фактот што „црвено-црните“ во октомври ќе се соочат со европски ривали како Висла Плоцк, Нант и Мелсунген, во период исполнет со натпревари речиси секоја недела.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пријателска во Радовиш: Детонит Плачковица против Беласица

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одржување на натпреварувачкиот ритам, но и за проверка на формата пред продолжението на сезоната во Втората македонска...

Ракомет

Осум мечеви во октомври: Вардар влегува во вистински ракометен маратон!

Октомври носи вистински ракометен маратон за Вардар 1961. „Црвено-црните“ ги очекува исклучително густ распоред во кој ќе одиграат дури осум натпревари, а календарот...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид го чека пеколен октомври: шест мечеви за „гладијаторите“!

ГРК Охрид влегува во месецот со еден од најгустите натпреварувачки распореди во...

Ракомет

Богданци се простува од Борис Поп-Глигоров, човекот кој беше меѓу основачите на РК Младост и ЖРК Млаз

Спортот во Богданци остана без еден од луѓето кои оставиле длабока трага...

Ракомет

Нова европска задача за браќата Илиевски!

Ново европско задолжение за македонскиот судиски тандем Методија и Михајло Илиевски. Браќата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!