КК Куманово доби големо засилување за новата сезона, откако постигна договор со 30-годишниот Адем Мекиќ, кој по речиси една деценија повторно ќе го облече дресот на кумановскиот клуб.
Мекиќ зад себе има богато искуство, како на домашната, така и на меѓународната сцена. Во својата кариера настапуваше за хрватскиот Задар, како и за македонските екипи Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ Скопје.
Неговото враќање претставува значајно засилување за Куманово, кој со искусниот бек добива дополнителен квалитет и играч со големо искуство од натпревари на високо ниво.
Мекиќ со Куманово потпиша отворен договор, кој може да биде раскинат доколку во меѓувреме добие понуда за продолжување на кариерата во странство.
По речиси десет години, Адем Мекиќ повторно е дел од Куманово, а од клубот очекуваат неговото искуство и квалитет да имаат важна улога во амбициите на тимот во новата сезона.