Кошарка

Србиновски: Очекувам изедначено првенство, сакаме сезоната да ја отвориме со победа

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новата кошаркарска сезона во Македонија е пред самиот старт, а екипите ги привршуваат последните подготовки пред првите официјални натпревари. Една од екипите која со амбиции влегува во новата сезона е ГКК Штип, предводен од шефот на стручниот штаб Марјан Србиновски.

Штипјани подготовките ги започнаа навреме, а во изминатиот период одиграа и неколку пријателски натпревари. Сепак, повредите им создадоа одредени проблеми, поради што беа принудени да откажат и дел од планираните проверки.

„Подготовките ги почнавме на време. Првиот дел од подготовките го поминавме како што беше планирано. Одигравме неколку пријателски натпревари. Ни се случија неколку повреди, поради што бевме приморани да откажеме уште некоја проверка. Во исчекување на враќањето на повредените играчи и новото странско засилување, ни останува краток период за воигрување. Но, што е тука е. Очекувам, како што ќе одминува времето, да бидеме сè подобри“, вели Србиновски.

Кога станува збор за очекувањата од новата сезона, тренерот на ГКК Штип смета дека нè очекува интересна и изедначена борба на поголемиот дел од табелата.

„Освен неколку клубови што отскокнуваат со квалитетот, очекувам доста изедначено првенство“, истакнува Србиновски.

Првиот натпревар секогаш носи посебна тежина, но според стратегот на штипјани, самиот резултат од премиерниот меч нема да биде пресуден за сезоната. Сепак, желбата е јасна – ГКК Штип сака победнички старт.

„Првиот натпревар секогаш е важен, но не е пресуден. Секако сакаме да ја отвориме сезоната со победа. Ќе дадеме максимум во овој момент за тоа да се случи. Ние како ГКК Штип сакаме да даваме максимум на секој натпревар, како на домашен, така и на гостински паркет“, порача Србиновски.

ГКК Штип во новата сезона влегува со желба за континуиран напредок, а првите официјални натпревари ќе покажат колку тимот успеал да ги претвори подготовките во вистинска натпреварувачка форма.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонскиот судиски тандем повторно на европската сцена!

Македонските судии повторно ќе бидат дел од најквалитетното европско клупско натпреварување. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија ново делегирање од Европската ракометна федерација...

Ракомет

Променет терминот за дербито Вардар – Охрид!

Нов термин доби големото дерби во рамки на 5. коло од Супер машката лига. Пресметката меѓу актуелниот шампион Вардар и Охрид во СЦ...

Поврзани написи
Кошарка

Мирковски: Ќе одиме чекор по чекор и ќе го почитуваме секој противник

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Владимир Мирковски, е задоволен од сработеното...

Кошарка

Смилковски: Не отстапуваме од целите за висок пласман

Шефот на стручниот штаб на ТФТ, Боро Смилковски, е задоволен од работата...

Кошарка

Спасев: Лигата ќе биде изедначена, секој натпревар ќе биде важен

Новата кошаркарска сезона во Македонија стартува претстојниот викенд, со што и официјално...

Кошарка

(ВИДЕО) Кожув со нов тим и високи амбиции: Гевгеличани целат кон топ четири во новата сезона

Новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија е пред...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!