Ракомет

Променет терминот за дербито Вардар – Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Нов термин доби големото дерби во рамки на 5. коло од Супер машката лига. Пресметката меѓу актуелниот шампион Вардар и Охрид во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне половина час порано од првично планираното.

Наместо од 19:00 часот, двете екипи ќе истрчаат на терен во 18:30 часот, во натпревар кој привлекува големо внимание поради досегашните меѓусебни дуели во новата сезона.

Вардар и Охрид веќе трипати ги одмерија силите откако започна сезоната. Двата тима се сретнаа во финалните натпревари на турнирите во Струга и Охрид, а потоа следуваше и официјалната битка за Супер купот на Македонија.

Дербито во Скопје сега ќе биде нивната четврта меѓусебна пресметка, но втора која носи бодови во официјалното првенствено натпреварување, што дополнително го зголемува значењето на дуелот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!